Фудбалерите и членовите на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Саутемптон решиле да петочните дневници да ги донираат во хуманитарни цели. Инаку, во петокот, Саутемптон беа декласирани со 9:0 од Лестер во 10 коло, во Премиер лигата.
Саутемптон во петокот го доживеаја најтешкиот пораз во 134 годишна историја на клубот. Од друга страна Лестер ја изедначија најголемата победа во историјата на премиер лигата.
Во понеделникот, клубот објави дека тренерите и играчите решиле дневниците од петокот да ги донираат во хуманитарни цели. Парите ќе одат во клупската фондација „Saints foundation“.
Избраниците на менаџерот Ралф Хасенхитл во наредните денови ги очекуваат два тешки натпревари против Манчестер сити, в среда во Лога купот и в сабота во Премиер лигата.