Американската фудбалерка од средниот ред, Карли Лојд објави дека се повлекува од американската репрезентација и дека на крајот на сезоната ќе стави крај на блескавата кариера.
39-годишната Лојд имаше 312 настапи за репрезентацијата на САД, во кои постина 128 гола и освои две Светски првенства и две Олимпијади.
„Секој ден кога излегував на теренот, играв како да беше последен натпревар“, изјави Лојд.
Селекторот на САД, македонскиот тренер Влатко Андоновски и оддаде почит на Лојд.
„Се работи за вистинска легенда и за мене лично беше огромна чест да работам со неа“, изјави Андоновски.
Таа беше во центарот на вниманието на американската јавност во последните неколку години, откако за разлика од нејзините колешки од репрезентацијата, одби да клечи во поддршка на расната еднаквост, наместо тоа ставајќи ја раката на грбот на репрезентацијата.
#ThankYouCarli
?? @CarliLloyd pic.twitter.com/4bVuq5vPqA— U.S. Soccer WNT (@USWNT) August 16, 2021