Top Sport

По Малдини, и Кака ќе работи за Милан!

Легендата на Милан, Кака, пристигна во Италија за да почне со работа со својот поранешен клуб, иако самиот признава дека „уште не разговарале“ за позицијата која тој ќе ја има.

Новите сопственици на клубот прво го вратија кај „росонерите“ долгогодишниот капитен Паоло Палдини, а сега и Кака ќе биде поставен на одговорна позиција во клубот. Според италијанските медиуми ќе се работи за позиција на скаут, бидејќи тој не сака да поминува многу време далеку од своето семејство.

„Секогаш кога ќе дојдам во Милано сум среќен. Го гледав мечот против Наполи и се надевам на добра сезона за Милан. Ќе разговарам со Леонардо бидејќи сме добри пријатели, но уште не ја договоривме улогата која ќе ја имам во Милан. Во моментов приоритет се моите деца кои живеат во Бразил и морам да бидам со нив. Со Лео и Паоло Малдини можам да бидам блиску до Милан. Сакам прво да разберам што ми се допаѓа во фудбалот сега“, изјави Кака по пристигнувањето.

 

Scroll to Top