Top Sport

По Манечестер Јунајтед и Реал ја следи ситуацијата околу Мектоминеј

Реал Мадрид е заинтересиран да го доведе Скот Мектоминеј (29), шкотски играч од средниот ред кој стана една од најголемите ѕвезди на италијанскиот фудбал откако го напушти Манчестер Јунајтед.

Како што пишува италијанскиот „Ил Матино“, а објави и „Тутомеркатовеб“, мадридскиот клуб веќе контактирал со менаџерите на играчот од Наполи за да се распраша за можноста за негов трансфер.

Мектоминеј има договор со Наполи до летото 2028 година, но преговорите за продолжување на соработката сè уште стојат во место. Шкотланѓанецот е еден од најважните играчи во тимот на Масимилијано Алегри, но финансиските очекувања на неговиот табор се значително различни од она што Наполи во моментов му го нуди.

Според италијанските медиуми, Мектоминеј во моментов заработува околу три милиони евра годишно. Неговите претставници бараат повеќе од осум милиони евра по сезона за да го продолжат договорот до 2030 година, додека Наполи наводно понудил околу пет милиони во текот на летото.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, не го смета продолжувањето на договорот за итно прашање бидејќи Мектоминеј е врзан за клубот уште речиси две години. Сепак, играчот и неговите претставници сакаат да ја решат ситуацијата што е можно поскоро.

Реал Мадрид би можел да се обиде да ја искористи оваа „статус кво“ ситуација. Според италијански извори, интерес постои и меѓу клубовите од англиската Премиер лига, каде што Мектоминеј го помина поголемиот дел од својата кариера.

Истиот извор, минатата недела, објави дека ситуацијата околу Мектоминеј внимателно ја следи неговиот поранечен клуб Манчестер Јунајтед.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');