Top Sport

По мизерната форма, Јап Стам доби отказ од Синсинати

ФЦ Синсинати, американскиот МЛС клуб му даде отказ на поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед и Милан, Јап Стам, откако неговиот клуб победи само еднаш во последните 16 меча.

Холанѓанецот пристигна во Синсинати во мај 2020, потпишувајќи 18-месечен договор, но клубот реши да ја прекине соработката по 4:2 поразот од Ди Си јунајтед вчера, трет пораз во низа. Покрај него, отпуштени се и неговите помошници Саид Бакати и Јоан Дамет.

„По многу размислување, клубот реши да направи следен чекор без Јап како главен тренер. Веруваме дека е потребна промена на лидерството и почнуваме со потрага за нов тренер. Целта е да го направиме Синсинати шампионски град“, изјави претседателот на клубот, Џеф Бердинг.

Клубот од Охајо победи во само 8 од 47-те меча под Стам и тие сега се на претпоследното место во Источната конференција. Негова привремена замена ќе биде поранешниот јамајчански фудбалер, Тајрон Маршал, тренер на У-19 тимот.

 

Scroll to Top