Top Sport

По најконтроверзниот холандски трансфер, закани со смрт за Бергхујс

Поранешниот капитен на Феенорд, Стивен Бергхујс добил 19 страници сериозни закани, кон него и кон неговото семејство по еден о најконтроверзните трансфери во Холандија, откако реши да се приклучи на Ајакс.

Бергхујс ги разбесни навивачите на Феенорд откако замина кај најлутите ривали од Амстердам, нешто што само неколку фудбалери во историјата го направиле. По трансферот од 4 милиони евра, навивачите на Феенорд организираа заедничко палење на неговите дресови, но непријателството ги надминало сите граници на социјалните мрежи и тој бил приморан да пријави на полицијата дел од заканите кои ги добивал.

Според холандскиот „Де телеграф“, една од заканите која била пријавена на полицијата е дека на неговиот 30. роденден, во декември, кога треба да играат Ајакс и Феенорд, ќе го убијат со факли, порачувајќи му дека знаат каде живее.

29-годишниот Бергхујс, имаше 199 меча и 87 гола за Феенорд, и помогна да се освои првата титула на клубот по 16 години во 2016/17.

Scroll to Top