Top Sport

По најлошиот старт по 25 години Валверде признава: Загрижен сум

Со само седум поени по пет натпревари, Барселона го има најлошиот старт на една сезона во Ла лига по 25 години, од периодот кога почнаа да се даваат по три поени за победа.

Две победи, едно реми и два порази, од кои последниот од 2:0 од Гранада најмногу „болеше“, Барселона има седум поени од можни 15, и уште позагрижувачки примија девет гола во пет натпревари. Во сезоната 1994/95, Барселона имаше 5 поени по пет натпревари, но со ист скор 2 порази, 1 реми и 2 победи.

Тренерот Ернесто Валверде не можеше да ја скрие својата разочараност и загриженост од играта.

„Загриже сум бидејќи на гости не добиваме добри резултати. Нешто не е во ред. Има фудбалери кои пристигнаа доцна во тимот, но не играме добро. Немавме шанси да направиме пресврт. Секогаш се бара вината, но таа е кај тренерот. Не можете да победувате секогаш, но и кога губите треба да заслужите да победите. Сега го немаме тоа чувство“, вели Валверде.

Барса нокаутирана од хитот Гранада, нов пораз со млитава игра (видео)

Scroll to Top