Top Sport

Солскјер: Погба не оди никаде, среќен е во Јунајтед

Пол Погба нема да си замине од Манчестер јунајтед дури и Реал Мадрид да направат понуда во јануари, тврди менаџерот Оле Гунар Солскјер, кој додава дека Французинот е среќен и задоволен на „Олд Трафорд“.

Погба наводно беше главната мета на Зинедин Зидан во летниот преоден рок, но шпанскиот клуб не успеа да се договори со Јунајтед, кои постојано тврдеа дека тој не е на продажба. Сега, по потпросечниот старт на сезоната, во Шпанија се тврди дека Реал и во јануари ќе се обиде да го донесе фудбалерот од средниот ред.

Солскјер вели дека 26-годишниот Французин останува.

„Не го слушам претседателот на Реал Мадрид. Пол работи напорно и посветен е на Манчестер јунајтед. Го видовме тоа додека беше повреден, како работеше за да се врати во форма. Не сум загрижен сега, ниту ќе бидам загрижен во иднината. Дури и во јануари Мадрид да се обидат да го донесат. Мораме да живееме со шпекулациите и ќе ги решиме како летово. Пол е среќен со својата форма. Мораш да имаш голем карактер да играш за Јунајтед. Посветеност, самодоверба и ароганција, ако сакате. Пол го има тоа“, објаснува Солскјер.

Scroll to Top