Албанија е уште една репрезентација која одби да игра против Русија во наредниот период. Албанија се наоѓа во група со Русија во новиот циклус во Лигата на нации.
Пред Албанија, против Русија одбија да играат репрезентациите на Полска и Шведска. Полска и Русија се противници во полу-финалниот бараж за пласман на СП во Катар, а Шведска е потенцијален пртивник на Русите во решавачкиот меч за пласман на Мундијалот.
„Албанија нема да игра против Русија се додека не заврши окупацијата на Украина и додека руските трупи не се повлечат од оваа земја“, рекол Олта Џачка министерот за надворешни работи на Албанија, потенцирајќи дека оваа одлука не се однесува само на фудбалот, туку за сите спортови.
ФИФА и УЕФА донесоа одлука, Русија натпреварите да ги игра на неутрален терен без своите обележја, химната и знамето.
И покрај оваа одлука, националните сојузи вршат притисок Русија да биде исфрлена од сите натпреварувања во организација на овие две организации.