Top Sport

По поразот од четвртолигашот Ковентри, Стоук го отпушти Хјуз (видео)

Стоук сити потврдија дека го отпуштија менаџерот Марк Хјуз откако премиерлигашот успеа да загуби од четвртолигашот Ковентри сити во третото коло на ФА купот.

Откако ги загубија последните три натпревари, „Потерси“ загубија со 2:1 од Ковентри, а гостинските навивачи носеа знамиња на кои пишуваше „Хјуз аут“, и на бордот на клубот му беше доволно.

Хјуз беше на клупата на Стоук четири и пол години без многу остварувања за „фалење“ освен тоа што тимот не испаѓаше од Премиер лигата. За негови наследници се споменуваат Гери Монк, Славен Билиќ, Роналд Куман и Роберто Манчини.

Scroll to Top