Германската јавност е шокирана од поразот на националниот тим во дуелот со Македонија. Германија, синоќа во Дуизбург, доживеа пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство, од Македонија (1:2).
Најтиражниот весник во Германија „Билд“, како патетичен го оцени настапот на избраниците на селекторот Јоаким Лев.
„Не мора да играме на Европското првенство ова лето. Со својот патетичен настап, Германија се посрамоти и загуби 1:2 од Македонија. Да, од Македонија. Фудбалско џуџе кое е 65.репрезентација на ФИФА листата, смешни го направи фудбалерите на четирикратниот светски првак“.
Комплименти за играта на Македонија подели и легендарниот Јирген Клинсман, од кого Лев ја наследи функцијата по завршувањето на Светското првенство во 2006 година.
„Македонија на моменти играше брилијантно. Германските репрезентативци најдобро е неколку дена да не излегуваат од дома“, рекол Клинсман за „ЕСПН“.