Top Sport

Двојна победа на Парис во Квитфјел (видео)

Доминик Парис се искачи на првото место во генерален пласман во супер-џи, откако триумфираше во Квитфјел, еден ден откако победи и во спусташката трка во норвешкиот ски-центар за да остане во борба за титулата во спуст, каде што разликата меѓу него и Беат Фојц е само 80 поени.

Како седми на стартот, Парис имаше одлична трка победувајќи со време од 1:29.20, за 0.43 секунди подобро од домашниот фаворит Кјетил Јансруд, додека трет беше Фојц со 0.60 секунди послабо време.

Со само уште една трка во супер-џи на календарот, Парис сега е на првото место во генерален пласман со 330 поени пред Винсент Крихмаер со 286 поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top