По повредата на Еден Азар, Реал Мадрид потврди дека напаѓачкото дуо Карим Бензема и Герет Бејл нема да играат во шпанскиот Суперкуп кој ќе се оддржи во Саудиска Арабија.
Со посебни соопштенија, тимот потврди дека Бејл и Бензема, кои беа стартери при 3:0 победата над Хетафе во саботата, нема да бидат во тимот кој патува во Азија. Бензема има проблем со бутниот мускул, додека Бејл има инфекција на градите. Тие се приклучуваат на Еден Азар, кој претходно беше „отпишан“ поради проблем со скочниот зглоб.
Реал и Валенсија играат во првото полуфинале во Џеда во среда, пред Барселона да се судрат со Атлетико Мадрид 24 часа подоцна за место во финалето, кое ќе се игра во недела. Ова е ново големо спортско случување за Саудиска Арабија, откако претходно Ријад беше домаќин на италијанскиот Суперкуп помеѓу Лацио и Јувентус (кој Лацио го доби со 3:1), како и домаќин на мечот за боксерската титула во тешка категорија помеѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз Јуниор.