Top Sport

По пристигнувањето на Роналдо соиграчите од Ал-Наср се на „строга“ диета

Влијанието на Кристијано Роналдо во неговиот нов клуб, саудискиот Ал-Наср е толку големо, што неговите соиграчи се обврзале на построга диета и почнале поактивно со тренинзите, тврди нутриционистот на клубот, Хозе Блеса.

И покрај спориот старт, 37-годишниот Португалец покажа дека уште не го загубил осетот на гол со пет гола во пет меча, а исто така ја презеде и капитенската лента од Абдула Маду. Соиграчите исто така веднаш паднале под влијание.

„Не бев сигурен, како сите во клубот, како ќе биде да се работи со него и дали клубот ќе се смени за да му угоди, но искрено, не сум сретнал попрофесионален фудбалер од него. Секој разговор со него е шанса да се научи нешто. Зборувавме за неговата диета, за начинот на исхрана и важноста на одморот. Прв стигнува на тренинг и последен си заминува и прекрасно е да се работи со него. Другите фудбалери почнаа да го следат, сите тренираат понапорно и се обврзаа на стриктна диета“, вели Блеса.

Scroll to Top