Top Sport

По првите 45 минути во полуфиналињата од ЛЕ – Џеко пак „кошмар“ за Јунајтед, „распад“ на Арсенал кај Емери

Надежите за англиско финале во Лига Европа не изгледаат најдобро по првото полувреме од првите полуфинални мечеви, откако Манчестер јунајтед губи дома од Рома со 1:2, додека Арсенал губи на гости кај Вилјареал со 2:0.

Јунајтед стигнаа до водство преку одличниот гол на Бруно Фернандеш по само девет минути игра, но во 15. минута „волчицата“ израмни со голот од пенал на Лоренцо Пелегрини, пред во 34. минута, Един Џеко, кој многу пати ги „тормозеше“ Јунајтед во дресот на Манчестер сити да донесе 1:2 водство.

Во Шпанија пак, Арсенал имаше кошмарни половина час, откако Вилјареал, предводен од нивниот поранешен менаџер Унаи Емери, дојде до 2:0 водство. Мануел Тригуерос уште во 5. минута донесе 1:0 водство пред Раул Албиол во 29. минута да зголеми на 2:0.

Scroll to Top