Top Sport

Звезда ја освои својата 32. титула, првпат во историјата сврза четири трофеи во низа

Фудбалскиот клуб Црвена звезда успеа да стигне до четврта титула во низа од Српската суперлига, откако на „Рајко Митиќ“ со 1:0 ја совлада Војводина и направи недостижна предност од 12 поени пред Партизан.

Ова е првпат „црвено-белите“ да освојат четири титули едноподруго, а во Србија рекордер останува Партизан со шест титули во низа од 2008 до 2013 година. Звезда може да стигне и до двоен трофеј, бидејќи во финалето на Купот на Србија на 25 мај игра со Партизан. Звезда нема освоено двојна титула дури 14 години.

Тимот на Дејан Станковиќ исто така имаше и одлична европска сезона, поминувајќи ја групната фаза на Лигата на шампиони, пред во шестнаесетфиналето да загубат од Милан (2:2, 1:1).

Scroll to Top