Top Sport

По Ристовски и Адеми ќе го напушти Динамо

Реконструкцијата на „Максимир“ продолжува, се поизвесно е дека Динамо ќе го напушти долгогодишниот капитен.

По Бруно Петковиќ, Марко Пјаца, Стефан Ристовски, Динамо ќе се раздели и со клупската икона, Аријан Адеми, пишува „Germanijak“.

Поранешниот македонски репрезентативец, Адеми разговарал со директорот Звонимир Бобан и дознал дека доколку остане во клубот ќе има лимитирана минутажа, што не се совпаѓа со амбициите на искусниот 34-годишен играч од средниот ред кој сака да продолжи да игра.

Мали се шансите тој да остане во Динамо, каде пристигна во 2010 година. Една сезона помина на позајмица во Локомотив, а пред две години имаше шестмесечна авантура во Кина.

Адеми одигра над 400 натпревари за Динамо во сите натпреварувања.

Scroll to Top