Абдула Ал-Тани поранешен претседател на фудбалскиот клуб Малага побарал меѓународна истрага за четврт-финалниот реванш во Лигата на шампионите одигран во 2013 година, помеѓу Борусија Дортмунд и Малага.
Борусија и Малага одиграа драматичен реванш откако првиот меч во Шпанија заврши 0:0. Во Дортмунд, пред седум години, Малага водеше 1:2, но Борусија во судиското надополнување на времето со головите на Ројс и Сантана избори пласман во полу-финалето.
Спорен е голот на Сантана кој е постигнат од офсајд.
„Сите знаеме што се случи во Дортмунд. Бараме да биде отворена меѓународна истрага, таа треба да биде фер и транспарентна. Бараме правда, 9 април 2013 година е црн ден за фудбалот“, порача богатиот шеик.
Инаку Ал-Тани од февруари, со судска одлука, повеќе не е прв човек на Малага.