Top Sport

УЕФА ги менува плановите за ЕП

УЕФА го одложи Европското првенство, а до крајот на месецот треба да го потврди списокот на градови-домаќини. Не е исклучено да дојде до некои промени во самата организација на континенталниот шампионат.

Пандемијата што ја предизвика коронавирусот ја натера УЕФА првенството наместо оваа да се одржи наредната година. Планот на УЕФА е натпреварите да бидат одиграни во 12 градови, меѓутоа поради новонастанатата ситуација некои од нив се под знак прашалник.

Како што пишува „Дејли Мејл“ Фудбалските сојузи на Италија и Шпанија се сомневаат дека Рим и Билбао ќе можат да бида домаќини. Овие две земји се најмногу погодени со коронавирусот.

УЕФА потврди дека Европското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули наредната година, а на состанокот закажан за 30 април ќе треба да ги потврдат градовите каде ќе се играат натпреварите.

Покрај Рим и Билбао натпревари на ЕП треба да се играат во Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен и Санкт Петербург.

Scroll to Top