Најдолговечниот фудбалер во тимот на Челси, хрватскиот голман Матеј Делач по речиси осум години, конечно заминува од „Стемфорд бриџ“, без ниту еден официјален меч за тимот од Лондон.
Во 2010 година, Челси го купи голманот од Интер Запрешиќ за 3 милиони евра, кога се веруваше дека 17-годишниот голман ќе има блескава кариера. Оттогаш, Делач играше во осум клубови на позајмица – од Португалија, Франција, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Сега, конечно, тој најде нов клуб – данскиот Хорсенс.
„Пресреќен сум што имам договор со Хорсенс до 2020 година. Едвај чекам да заиграм за новиот тим“, напиша Делач на Твитер.
26-годишниот Делач претходно изјавуваше дека не жали за поминатите години во Челси.
„Кариерата секогаш можеше да биде подобра, но не жалам што дојдов. Поминав многу, запознав многу фудбалери, тренери и добив искуство. Проблемот не беше квалитетот – Челси веруваше и планираше за мене, но понекогаш работите не можат да се планираат“, вели Делач.
Verry happy to signed contract with @ACHorsensGULE till 30.6.2020. Looking forward to play for this club! Can’t wait to join the team for next season?⚽️ https://t.co/rgNnjZFDTN
— Matej Delač (@MatejDelac) April 4, 2018