Top Sport

По шопингот, следува „чистка“ – Челси ќе продаде 11 фудбалери ова лето?

Откако новиот американски газда, Тод Бели, потроши 566 милиони фунти на играчи од пристигнувањето на чело на Челси (само во јануари купија осум играчи), во текот на летото следува „чистка“ во клубот со дури 11 фудбалери кои би биле продадени ова лето, тврди „Атлетик“.

Први ќе заминат шесте фудбалери чии договори завршуваат на крајот на сезоната. Тиемуе Бакајоко, кој четири години е на позајмица, сигурнозаминува заедно со резервните голмани Маркус Бетинели и Нејтан Бекстер, како и Велшанецот Итан Ампаду, кој е на позајмица во Специја. Челси исто така можат да го загубат и Н’Голо Канте на слободен трансфер, иако се верува дека тој е блиску до потпишувње на нов договор.

Покрај нив, Челси би ги продале и играчите кои имаат само уште една година од договорите – Матео Ковачиќ, Цезар Азпиликуета, Кристијан Пулишиќ, Пјер-Емерик Обамејанг, Рубен Лофтус-Чик и Мејсон Маунт. Единствен исклучок е Тијаго Силва, кој неодамна потпиша 12-месечно продолжување на договорот.

Scroll to Top