Лега Серија А го одобри новиот формат за Италијанскиот Суперкуп (Суперкопа), во кој од 2024 ќе се игра слично како и во шпанскиот фудбал, мини-турнир со четири клуба.
Иако стандардно се работеше за меч помеѓу освојувачот на скудетото и на Копа Италија, од 2024 ќе се вклучени и второпласираниот во Серија А, како и финалистот до Купот. Според „Ла газета дело спорт“ сигурно е и дека следните две изданија на Суперкупот ќе се одржуваат во Саудиска Арабија, како три од последните четири изданија. Сличен формат на мини-турнир веќе две години играат и во шпанскиот фудбал.
Интер е носител на титулата, откако со 3:0 го совладаа Милан во Суперкупот во јануари во Ријад, Саудиска Арабија.
Format a 4 squadre e si giocherà in Arabia Saudita: ecco come cambia la Supercoppa italiana https://t.co/aKoevjZPl4
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) March 13, 2023