Top Sport

По сите контроверзи, Премиерлигата ќе го смени шефот на ВАР системот

Нил Сворбрик, шефот на ВАР-системот во англиската Премиерлига ќе си замине од својата позиција на крајот на сезоната по бројните критики и контроверзи.

Последните неколку недели контроверзните одлуки против Арсенал и Брајтон предизвикаа кризен состанок на ПГМОЛ, асоцијацијата на судии во англискиот фудбал, а истата недела Сворбрик беше ВАР-судија на мечот Челси-Вест хем, кога не му советуваше на главниот судија Крег Посон да ја прегледа ситуацијата за пенал во корист на Челси.

Ова е нова промена во судиската организација во Англија, каде што во август се врати Хауард Веб како одговорен за делегираето на судии, преземајќи ја работата од Мајк Рајли, кој 13 години беше на оваа позиција.

Scroll to Top