Top Sport

Марота: Лукаку ќе се врати во Челси, па потоа ќе видиме што ќе правиме

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота признава дека Ромелу Лукаку сака да продолжи со „нераѕурите“, но дека клубот уште не одлучил дали ќе почне да преговара нова позајмица или директен трансфер од Челси.

Лукаку уште е под договор по Челси, но англискиот клуб минатото лето го врати во Интер по катастрофалната сезона на „Стемфорд Бриџ“. Се верува дека Челси би биле подготвени да го продадат, но во Интер, очигледно, уште не решиле што ќе прават.

„Рано е да се зборува за тоа. Тој ќе се врати во Челси во јуни и потоа ќе се отвори нова приказна и ќе одлучиме што ќе правиме. Тој сака да остане, ќе видиме дали ние сакаме да преговараме за негово враќање“, изјави Марота.

Интер плати 7.8 милиони евра плус бонуси за позајмицата која завршува на 30 јуни, но Лукаку има договор со Челси до 2026 година. Оваа сезона тој постигна 4 гола во 15 меча за Интер по долгата пауза поради повреда на бутниот мускул.

Scroll to Top