Павел Недвед, директорот на италијанскиот великан Јувентус заврши на насловните страници во таблоидите. На социјалните мрежи кружи клип со Недвед во главната улога. Чехот, под дејство на алкохол е во жешка акција со три девојки.
Видеото на социјалните мрежи се појави по саботниот натпревар Јувентус-Рома (1:1).
Навивачите на Јувентус, кои не го „мирисаат“ Недвед, поради неговите лоши потези веруваат дека по овој скандал Недвед ќе добие отказ.
Дел од медиумите во Италија пишуваат дека управата ќе организира вонреден состанок поради скандалозното видео, бидејќи вакво однесување не му прилега на функционер и легенда на клубот.
Недвед беше во брак со Ивана од 1994 до 2019 година, со која има две деца.
Esta disfrutando bastante nedved pic.twitter.com/y56eEjI2Zr
— JUVENTUS ARGENTINA (@JUVEARGENTINA__) August 28, 2022