Top Sport

По страшниот судир – зарем требаше Јевтиќ да умре за црвен картон?

Поранешниот руски селектор, Леонид Слутски беше шокиран од случките на меч од рускиот куп, кога Дарко Јевтиќ доби страшна повреда на главата и остана во несвест на теренот, велејќи дека било потребно тој да умре за судијата да даде црвен картон.

Фудбалерот на Рубин Казан, поранешниот швајцарски јуниорски репрезентативец Јевтиќ доби опасен удар од напаѓачот на Хабаровск СКА, Владислав Брагин, добивајќи третман на теренот. Во Рубин се плашеа дека нивниот 27-годишен фудбалер добил сериозна пвореда на мозокот, а тренерот Слутски веднаш го смени. И покрај ова, судијата Павел Шадиханов реши да го казни Брагин само со жолт картон.

„Според судијата, фудбалерот најверојатно требаше да умре на теренот за да се оправда црвен картон. Ако фудбалер доби скршен нос од удар со лакт и загуби свест… Што е друго потребно?“, вели Слутски.

Рубин на крајот загубија со 0:1.

Scroll to Top