Top Sport

По Тотенхем и Лестер имаат „мини-пандемија“ на КОВИД

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс откри дека во тимот има повеќе позитивни случаи на КОВИД-19 што значи дека ќе бидат ослабени за важниот меч со Наполи во Лига Европа, откако слични проблеми јавија и од Тотенхем, каде што барем 7 фудбалери се позитивни.

Групата во која се Наполи и Лестер е неизвесна и четирите тима имаат шанси за пласман во нокаут фазата. Лестер се лидери и патуваат во Неапол без неколку клучни фудбалери.

„Има дел од фудбалерите и од придружниот тим кој не се со нас. Имавме позитивни тестови, а некои луѓе се болни. Јури Тилеманс тренираше и ќе игра, но седум фудбалери ни се отсустни. Кој точно, ќе видите пред мечот. Се работи за проблем во последните неколку дена, кога се зголемија бројот на случаите. Мораме да ги почитуваме правилата за патување во Италија и ќе имаме силен тим, иако нема да е комплетен“, вели Роџерс.

Според „Тутомеркато“, во Италија не патуваат Лукман, Амарти, Ихеаначо, Вестергард, Перез, Бенковиќ и Дејли-Кемпбел.

Scroll to Top