По еден од најбизарните нереализирани трансфери во летниот преоден рок, српскиот репрезентативец Филип Костиќ реши да ја прекине соработката со супер-менаџерот, тетовецот Фаљи Рамадани, тврди германскиот „Билд“.
Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт посакуваше трансфер во Лацио, и се веруваше дека трансферот е договорен, а самиот Костиќ беше на штрајк за да го примора клубот да го продаде. Сепак, до трансфер не дојде, наводно поради погрешна имејл адреса.
Костиќ се помири со судбината, бидејќи има договор до 2023, а од Лацио најавија дека најверојатно нема да ја повторат понудата, тој решил да ја прекине соработката со Рамадани, кој го советувал да почне со штрајкот.
Бизарен преоден рок – Ајнтрахт тврди дека Лацио го заборавиле К во Франкфурт