Лионел Меси и Интер Мајами минатата недела го совладаа Спортинг Канзас Сити со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ.
Натпреварот беше под голем лупа и поради тоа што се играше на температура од -16°C, а со налети на ветер вистинското чувство на студ беше -24°C.
Натпревар беше тема и поради гавниот судија Марко Антонио Ортиз Нава. Мексиканскиот судија од КОНКАКАФ доби шест месечна суспензија, бидејќи побарал авторграм од Меси.
„Со овој потег Ортиз Нава ја доведе во прашање неговата непристрасност“, соопшти КОНКАКАФ.
Мексиканските медиуми пишуваат дека Ортиз побарал автограм за член на семејството кој има посебни потреби, но КОНКАКАФ не дозволува такви интеракции меѓу судиите и играчите, а Ортиз бил предупреден дека може да се соочи со суспензија на неопределено време доколку повторно направи вакво нешто.
Додека трае неговата суспензија во КОНКАКАФ, Ортиз ќе може да суди во првенството на Мексико.