Top Sport

Победа над Грузија на Македонија ќе и донесе 9.250.000 евра

Македонија синоќа со победата над Косово (2:1) дојде на чекор до пласман на Европското првенство наредната година. Противник во баражот на Македонија ќе и биде Грузија во Тбилиси на 12 ноември.

Евентуалниот пласман на Европското првенство на Македонија ќе и донесе рекордна дума на пари. Доколку избраниците на Игор Ангеловски ја минат Грузија само за пласманот на континенталниот шампионат од УЕФА ќе добија 9.250.000 евра.

На Европското првенство секоја победа носи 1.500.000 евра, а нерешен резултат 750.000 евра.

Доколку се пласира на ЕП Македонија ќе игра во група со Холандија, Австрија и Украина.

Scroll to Top