Top Sport

Победа во сенка на повредата на Елнени (Видео)

Арсенал го победи градскиот ривал Вест Хем со 4:1 во 35.коло, во Премиер лигата. Мечот мина во знакот на тешката повреда на фудбалерот на Арсенал, Мохамед Елнени.

Египетскиот репрезентативец се повреди во првиот дел и во солзи на носилки беше изнесен од теренот. Елнени е еден од главните адути на Египет на престојното Светско првенство во Русија.

Дуелот беше решен во второто полувреме, односно во последните седум минути.

Арсенал стигна до водство со голот на Монреал во 51.минута,а 15 минути подоцна израмни Арнаутовиќ.

Во финишот Арсенал целосно го скриши противникот, Рамси погоди во 82.минута, а потоа два гола постигна Лаказет во 85. и 89.минута.

Scroll to Top