Top Sport

Надал повторно најдобар во Монте Карло

Рафаел Надал ја освои рекордната 11.титула на Мастерс турнирот во Монте Карло. Шпанецот во финалето го победи Кеи Нишикори со 6:3, 6.2. Финалниот меч траеше 92 минути.

Надал и во финалето, како и во текот на целиот турнир, беше доминантен, иако Јапонецот подобро влезе во мечот и прв успеа да стигне до брејк. Од тој момент започна доминацијата на Шпанецот, најпрвин го врати брејкот, потоа му го одзеде сервисот на противникот и за 57 минути го доби првиот сет.

Нишикори во вториот сет немаше никави шанси, а Надал со два брејка ја заврши работата во Монте Карло.

Со освоената титула во Монте Карло, Надал го одбрани и првото место на АТП листата. Шпанскиот тенисер од понеделник ќе ја започне својата 171.недела на челната позиција на АТП листата.

Исто така тој повторно е осамен на првото место на листата на играчи со најмногу освоени мастерс титули. Надал има 31 титула од серијата Мастерс 1000, една повеќе од Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top