Top Sport

Победата над Израел доволна за трето место, сега на „мегдан“ со Косово (видео)

Македонија со голот на Бобан Николов го совлада Израел со 1:0 за четврта победа на крајот на квалификациите за Европското првенство во 2020, што на крајот беше доволно за третото место на табелата во групата Г, откако Словенија загуби со 3:2 на гостувањето кај Полска.

Со овој триумф се комплетира уште еден квалификациски циклус во кој имавме солидни, но не и доволни резултати за пласман на едно големо натпреварување, но шансите за ЕП не се завршени, бидејќи со освоеното прво место во Лига Д од Лигата на нации на УЕФА не очекува пресметка со Косово на 26 март, а доколку ги добиеме соседите, ќе играме со подобриот од дуелот Грузија-Белорусија за место меѓу елитата.

Македонија одигра едно одлично прво полувреме против Израел, во кое ние ја имавме контролата на играта и игравме напаѓачки фудбал, додека гостите се решаваа да ги чекаат своите шанси преку контранапади. Бобан Николов во финишот на првото полувреме ни ја донесе предноста со убав шут од шестнаесетникот. Во второто полувреме, темпото на игра падна, и Израелците имаа повеќе шанси, но мечот заврши со наша победа.

Фото: ФФМ

ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Г

Македонија – Израел 1:0

Летонија – Австрија 1:0

Полска – Словенија 3:2

Табела: 1.Полска 23, 2.Австрија 19, 3.Македонија 14, 4.Словенија 14, 5.Израел 11, 6.Летонија 3

Scroll to Top