Фудбалерите на Еибар и Лас Палмас забележаа победи во последните две средби кои се одииграа во рамките на 14.коло во Ла Лига. Еибар како домаќин славеше над Еспањол со 3:1, додека Лас Палмас со 1:0 го порази Бетис.
Еибар прашањето на победникот против Еспањол го реши по првото полувреме, кога стекна предност од 2:0 со головите на Кике и Иван Алехо.
Победата на екипата од Баскија ја потврди Хоан Јордан од пенал во 70.минута. Почесниот гол за Еспањол го постигна напаѓачот на Еибар Енрич, кој на 11 минути до крајот го совлада својот голман.
Еибар во наредната рунда ќе гостува кај Хетафе, а Еспањол ќе игра против Џирона.
Лас Палмас ја прекина црната низа и ја забележа првата победа по пауза од девет натпревари. Голот кој на екипата од канарските острови и ги добесе трите бода го постигна Аргентинецот Каљери.
Лас Палмас во наредната рунда ќе му гостува на Алавес, додека Бетис ќе го пречека Атлетико Мадрид.