Top Sport

Сандерленд е чудно место – голема нужда на стадион!

Поранешниот велшки селектор, а сега менаџер на Сандерленд, Крис Колмен имаше лош старт на водството на тимот од северот на Англија по 3:1 поразот од Рединг, а еден од навивачите како да имаше совршен одговор на тоа – изврши голема нужда на трибините.

Според приказната која ја пренесе и Гери Линекер, еден навивач, во прилично алкохолизирана состојба, едноставно ги соблекол панталоните и ги испразнил цревата. Нормално, околу него веднаш се направил простор, а полицијата го однела надвор од стадионот.

Сепак, според дел од коментаторите, ова е само еден начин да се покаже што се мисли за тимот на Сандерленд, кому сега му се заканува борба за опстанок во Чемпионшип (втората англиска лига), додека до неодамна беа стандардни премиерлигаши.

Scroll to Top