Top Sport

Победите не креваат – Македонија на 67. место според ФИФА

По двете убедливи победи над Ерменија и Исланд во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022, македонската фудбалска репрезентација скокна седум места на ФИФА ранкинг листата, и сега сме 67. репрезентација во светот, поминувајќи ги Црна Гора, Бугарија меѓу другите репрезентации.

Белгија останува најдоброрангирана репрезентација на светот пред Бразил и Франција, додека слабата форма на европските шампиони Италија им донесе пад на шестото место, и сега пред нив се Англичаните и Аргентинците. Во топ десет уште се Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.

Од поранешната Југославија, Хрватите се на 15. место, Србија е 23-та, БиХ е а 61 место, Словенија е 65., Албанија на 66. место, додека Косово е на 111. место.

Фото: ФФМ

Scroll to Top