Top Sport

Победничката низа на Барса продолжи со пресврт кај Елче

Барселона успеа да избори камбек 2:1 победа на гостувањето кај Елче, за трета победа во низа и петта во последните шест во Ла лига за искачување на третото место на табелата.

А работите е почнаа најдобро за тимот на Чави Ернандез, откако по внимателното прво полувреме, во 43. минута направија катастрофална грешка во одбраната, која заедно со лошата реакција на Марк-Андре Тер Штеген значеше гол за домаќините преку Фидел.

Зимското засилување од Манчестер сити, Феран Торес продолжи со одличната игра, кога во 61. минута израмни, пред Каталонците да ги освојат трите поени со гол од пенал во 84. минута преку Мемфис Депај.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top