Наполи продолжува да „гази“ во италијанската Серија А, откако на домашен терен во првиот меч од 14. коло со 2:0 триумфираа над Емполи за барем до вечерва да се одвојат на големи 9 поени пред актуелниот шампион Милан.
Тимот на Лучано Спалети немаше лесна задача против тимот на Паоло Занети, стигнувајќи до предност во 69. минута, и тоа со удар од белата точка на Ирвинг „Чаки“ Лозано. Емполи потоа останаа со играч помалку, кога Себастијано Луперто доби втор жолт картон. Заверка на победата направи поранешниот играч на Емполи, Пјотр Зиелински во 88. минута по одличното нафрлање на Лозано. Елиф Елмас, како многупати оваа сезона, доби шанса во последните 20-тина минути од мечот.
Илија Несторовски пак, влезе во игра во 85. минута за Удинезе и не успеа да помогне неговиот клуб да извлече повеќе од 1:1 реми кај Специја.
СЕРИЈА А, 14.КОЛО
Наполи – Емполи 2:0
Специја – Удинезе 1:1