Маурисио Почетино признава дека Тотенхем мора да биде подготвен да купува фудбалери во јануарскиот преоден рок, откако лошата низа во Премиер лигата значеше дека тие имаат само три победи во девет меча.
Аргентинецот искрено го критикуваше клубот за недостатокот на засилувања на тимот во минатото и сега по 1:1 ремито со Ватфорд, признава дека мора да се „зборува за тоа, но во клубот“.
„Јануари е далеку и имаме уште натпревари за играње. Клубот има структура која работи и која треба да размислува кога треба да се направи нешто, но јас сум среќен со моите фудбалери. Но, мора да се мисли на иднината. Мора да се преземе одговорноста“, вели Почетино.
Покрај лошите настапи во Премиер лигата, Тотенхем, кои лани играа во финалето на Лигата на шампионите, не успеаја да победат ниту во ЛШ – одиграа 2:2 со Олимпијакос и загубија катастрофално 2:7 дома од Баерн Минхен пред следната недела да играат со Црвена звезда.