Во Русија секогаш има чудни работи во спортот. Ова може да биде единствен коментар по еден од најбизарните ММА мечеви во историјата – фајтерот со прекар „базука раце“ (руки базуки) загуби од блогер во меч во Абакан, во руската покраина Хаказија.

Кирил Терешин, попознат како „базука раце“ е „селебрити“ на Инстаграм (со над 440 илјади следбеници) откако пред неколку години доби инјекции синтол за да добие огромни бицепси. Во октагонот тој реши да влезе во тепачка со рускиот блогер Олег Монгол.

Иако на стартот на мечот тој успеа да упати неколку удари, неговите огромни бицепси на крајот му претставуваа голема пречка – Монгол го грабна и го примора на пораз.

На видеото, мечот ви започнува на 13:45, ако не сакате да ја видите подготовката.

 

View this post on Instagram

 

Съемки фильма generation iron

A post shared by Кирилл Терешин – Руки Базуки (@ruki_bazuki_official) on