Top Sport

Почетино ги известил ПСЖ дека сака да оди во Реал Мадрид

Маурисио Почетино ги информирал Пари Сен-Жермен за желбата да замине од клубот по интересот од Реал Мадрид, тврди порталот „Гол“.

Аргентинецот наводно бара прекин на договорот една година пред истекот, откако беше повикан да го замени Томас Тухел во јануари, по што го освои Купот на Франција со ПСЖ, но ја загуби француската титула. „Кралевите“ интензивно бараат замена за Зинедин Зидан, но за Почетино наводно е заинтересиран и неговиот поранешен клуб, Тотенхем.

Почетино, како поранешен фудбалер на ПСЖ, има огромно почитување кон клубот, и нема да се лути доколку тие не му го раскинат договорот предвреме.Покрај Аргентинецот во игра за клупата во Реал се тренерот на академијата, Раул Гонзалез, како и Антонио Конте, кој е слободен по заминувањето од Интер.

Scroll to Top