Маурисио Почетино не го смета неговиот Пари Сен-Жермен за фаворит за титулата во Лигата на шампионите пред мега-пресметката со Реал Мадрид.
„Мислам дека двата тима имаат ист притисок. Ги почитуваме Мадрид како еден од најголемите клубови на светот, а Мадрид во Лигата на шампионите, тоа е приказна сама за себе, без разлика на тренерите или фудбалерите. Не сме фаворит. ПСЖ чека повеќе од 50 години да ја освои оваа титулата, така што ние сме предизвикувачи. Тие кои имаат навика да ја освојуваат Лигата на шампионите се пред нас“, вели Почетино.
На прашање во каква форма е неговиот тим и дали Лионел Меси е подготвен да игра против својот стар ривал, Почетино е јасен.
„Се работи за важни фудбалски вечери, и Лео е добро и може да помогне со своето искуство во тимот. Неговата улога може да биде клучна. Мислам дека тој навистина е мотивиран и подготвен за ваков меч“, додава Аргентинецот.