Маурисио Почетино тврди дека неговиот Саутемптон, каде што беше тренер сезона и пол од јануари 2013 направил најголемо влијание во англискиот фудбал и „пресврт“ во Премиер лигата.
Почетино во Саутемптон си ја зголеми репутацијата со давање шанси на младите фудбалери, пред да стане еден од најценетите млади менаџери во Тотенхем, кои го отпуштија минатиот ноември.
„Фудбалот во Англија се смени со тој тим на Саутемптон од 2013/14 и мислам дека немаше друг тим кој имаше толку големо влијание на менталитетот. Пристигнав во клуб со претседателот Никола Кортезе и сакавме да направиме нешто уникатно во англискиот фудбал. Нашата способност да се адаптираме беше одлична. Најдовме група на фудбалери кои сакаа да учат од искуствата од шпанскиот фудбал и играа поинаков фудбал. Почнаа да играат и млади фудбалери, кои потоа ги викнаа во англиската репрезентација“, вели Почетино.
Со победи над Манчестер сити, Ливерпул и Челси, Почетино ги спаси Саутемптон од испаѓање во 2012/13, пред следната сезона да ги предводи до осмото место. Лук Шо и Џеј Родригез влегоа во англиската репрезентација, а во тимот беа и Адам Лалана, Рики Ламберт, Натаниел Клајн и Дејан Ловрен.