Top Sport

Армстронг жали што ја нарекуваше поранешната асистентка курва и алкохоличарка

Ленс Армстронг, човекот кому му беа одземени рекордните седум титули од Тур де Франс, вели дека најмногу жали во својата кариера за однесувањето кон поранешната асистентка Ема О’Рајли, дури повеќе отколку за допингувањето.

Во вториот дел од документарниот филм за „ЕСПН“, Армстронг призна дека направил огромна грешка кога ја нарекувал О’Рајли курва и алкохоличар кога таа излезе со детали за неговото допингување.

О’Рајли беше масажерка, физиотерапевт и личен асистент на Армстронг во тимот на УС Постал од 1996 до 2000, по што во 2004 изјави дека помагала да се покријат деталите за неговото допингување. По ова следуваа вербалните напади кон неа.

„Ќе одговорам на тоа прашање веднаш. Најлошото беше моето однесување кон Ема О’Рајли. Најверојатно најлошото“, изјави Армстронг.

Во самиот документарец, О’Рајли вели дека проговорила бидејќи била лута на Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) бидејќи создале услови за допингување.

„Мислев дека ако ќе проговорам ќе направам добро нешто. Проблемот беше со УЦИ, бидејќи тие го создадоа тоа. Целиот систем беше тука да го заштити велосипедистот“, вели О’Рајли.

Scroll to Top