Маурисио Почетино продолжи да ужива во кратката пауза од фудбалот во Аргентина со посета на својот стар пријател Диего Марадона. Почетино се врати во татковината по отказот од Тотенхем минатиот месец, но најави дека наскоро ќе се врати на тренерската позиција.
Почетино беше гостин на Марадона пред дуелот од аргентинската Суперлига на Гимназија Ла Плата (каде што Марадона е тренер) и Кордоба. Претходно, минатата недела, Почетино го посети својот прв клуб, Њуел олд бојс, каде што играше од 1989 до 1994 година. Таму тој се сретна со Марадона, кога двајцата беа клупски колеги во 1993 година.
¡Bienvenido al Bosque, Mauricio!
? ?? pic.twitter.com/TurQ16MexX— GIMNASIA ? (@gimnasiaoficial) December 8, 2019