Top Sport

Почетино: Начинот на кој слави Арсенал, значи дека Тотенхем е голем клуб!

Арсенал во неделата го доби дербито на северен Лондон во еден од најдобрите мечеви во Премиер лигата оваа сезона, враќајќи се за 4:2 победа над Тотенхем, која ги искачи над Спарси на табелата.

Фудбалерите на Арсенал не заборавија да се пофалат на социјалните мрежи со неколку зајадливи фотографии на сметка на ривалот. Тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино има совршен одговор на тоа.

„Мене, лично, не ми се допаѓа такво славење. Ако освоиш трофеј, како што правев додека бев фудбалер, тоа е причина за славење. Ако победиш, прослави и покажи на фановите дека си среќен, но кога имаш трофеј, тогаш е посебно. Арсенал и Тотенхем имаат по 30 поени во Премиер лигата и има уште многу за играње. Добро е да си спортски непријател, но тоа што го прават тие само покажува дека не почитуваат како голем клуб. Кога дојдов тука пред пет години, беше нормално Арсенал секогаш да биде над Тотенхем. Но, последните две сезони, ние сме пред нив и очигледно тие го почитуваат тоа“, изјави саркастично Почетино.

 

View this post on Instagram

 

North London is ?!!!!!!!!!? #YAGUNNERSYA

A post shared by Bernd Leno (@berndleno1) on

Scroll to Top