Top Sport

Почетино не помислувал дека некогаш ќе му биде тренер на Меси

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Почетино признава дека не верувал дека ќе биде во позиција каде што ќе биде возможно во тимот на пристигне Лионел Меси, и очекува неговиот аргентински сонародник бргу да брилјира и во францускиот фудбал.

Финансиските проблеми на Барселона значеа дека тие не можат да го регистрираат новиот договор на Меси, и тој како слободен агент пристигна на „Паркот на принцовите“.

„Јас можеби не сум вистинската личност да го опишам. Има многу луѓе кои имаат поширок речник и знаат подобро да се изразат за да дојдат до нивото кое Лео го заслужува. Секогаш ќе биде сметан за еден од најдобрите. Се адаптираше бргу во Париз и бргу ќе биде на највисокото ниво. Не верував дека е возможно да го донесеме, но таква шанса не се пропушташе. Двајцата сме Аргентинци, двајцата навиваме за Њуел олд бојс, и двајцата доаѓаме од Росарио. Играв против него како конкурент, така што добро го познавам“, вели Почетино.

Scroll to Top