Top Sport

Почетино нервозно до новинарите: Ако знаете толку за фудбалот, дојдете од оваа страна

Маурисио Почетино ги загуби нервите со прашањата за тоа како ги контролира ѕвездите во својот тим, одговорајќи на прашањата на француските овинари пред мечот со Ленс во Лига 1.

Иако е апсолутен лидер во Лига 1, и веќе се квалификуваше во нокаут-фазата на Лигата на шампионите, француските новинари сакаат да знаат зошто понекогаш не функционира ѕвездениот состав со Лионел Меси на чело, посебно по 0:0 ремито со Ница. Овојпат Аргентинецот, кој се поврзува со заминување од ПСЖ и трансфер во Манчестер сити, ги загуби нервите.

„Зошто не дојдете тука, на оваа страна? Што правите на таа страна ако знаете толку многу за фудбалот?“, го праша Почетино новинарот.

Сепак, Аргентинецот не застана тука – пред крајот на прес-конференцијата, стана од столчето, прошета и се врати за да почне од почеток со насмевка на лицето.

Scroll to Top