Top Sport

Почетино: Никогаш не би можел да бидам тренер на Барса

Тотенхем оваа недела ги пречекуваат моќните Барселона, клуб каде што речиси секој би сакал да заврши, без разлика дали е фудбалер или тренер. Освен менаџерот на Спарси, Маурисио Почетино,.

Почетино во својата кариера играше за тимот на Еспањол и вели дека не би можел да се замисли на клупата на ривалите.

„Против Барса секогаш сум мотивиран, бидејќи сум навивач на Еспањол и толку многу години живеа в во Барселона. Се подразбира дека никогаш нема да станам нивни тренер. Мојот пат и тој на Барселона се различни, во сосема спротивни правци. Би било невозможно да бидам тренер таму. Секогаш е убаво да се победува, но кога ќе победиш против Барселона е уште поубаво“, вели Почетино.

Сепак, и покрај тоа што нема голема љубов кон Блауграна, Почетино признава дека има еден фудбалер кој посебно го цени.

„За мене, Лионел Меси е уште број 1 на светот. Ќе биде така додека тој не се пензионира“, вели Почетино.

Scroll to Top