Top Sport

Почетино од „кошмарот“ во Тотенхем се одмара на гости кај газдите на ПСЖ

Маурисио Почетино ја искористи паузата во Премиер лигата поради интернационалните мечеви за да отпатува на гости кај газдите на Пари Сен-Жермен во Катар за да зборува на „Аспајр глобал“ самитот за фудбал.

Аргентинецот, кој е под притисок по катастрофалниот старт на Тотенхем, заминал за Блискиот Исток веднаш по 3:0 поразот од Брајтон и на самитот зборувал на тема како „фудбалот не е обичен бизнис“.

Поразот од Брајтон доаѓа по засрамувачкиот 7:2 пораз дома од Баерн Минхен во Лигата на шампионите и елиминацијата од Лига купот од третолигашот Колчестер.

„Ние во Тотенхем работиме како тим. По два големи порази какви што ги имавме, мора да се размислува за иднината. Мора да се опоравите емоционално. Од друга страна кога сте на врвот, морате да одговарате со достоинство. Тешко е да се контролираат емоциите кога играте финале од ЛШ и по неколку месеци сте во ваква ситауција. Работите бргу се менуваат во фудбалот. Но, мора да се бориме. Овој спорт функционира така“, вели Почетино.

Scroll to Top